13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби 7,5 милијарди долари вредна нарачка од Air France-KLM

Airbus доби 7,5 милијарди долари вредна нарачка од Air France-KLM

airbus1

Европскиот производител на авиони „Airbus“објави дека од француско-холандскиот авиопревозник добил нарачка за 25 авиони од моделот А350-900 во вредност од 7,5 милијарди долари според каталошки цени.

Сеуште не е познато дали компанијата „Air France-KLM“ ќе добие одреден попуст за нарачката.

Авиопревозникот, исто така, постои опција да нарача дополнителни 25 авиони во зависност од побарувачката на патниците, се вели во соопштението на „Airbus“. Авионите ќе бидат готови за испорака во 2017 година.

„Air France“ исто така објави дека потпишал договор со „Rolls Royce“ за одржувањето на моторот на авионите. Од „Air France KLM“ објавија дека за одржувањето на опремата на авионите ќе се грижи „ Air France KLM Industries Engineering & Maintenance“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП