5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Bahn и синдикатот постигнаа договор по штрајкот

Deutsche Bahn и синдикатот постигнаа договор по штрајкот

Германската железничка компанија „Deutsche Bahn“ и синдикатот на вработените во железницата „EVG“ денеска потврдија дека постигнале договор за спорот околу платите, откако штрајкот предизвика хаос во транспортот на земјата, пренесоа агенциите.

Сите возови за далечни дестинации и некои регионални возови беа откажани неколку часа во понеделникот, а железничкото движењето беше нарушено преку целиот ден.

До штрајк се дојде откако синдикатот, кој претставува околу 160.000 вработени, пред тоа се повлече од преговорите за зголемување на платите, истакнувајќи дека новите предлози за платите се премногу ниски.

„EVG“ сака зголемување од 7,5 отсто на платите и барања за работното време и викендите. „Deutsche Bahn“ предложи зголемување од 5,1 отсто и еднократен бонус од 500 евра. Според компанијата, ова е еквивалентно на зголемување од 7 проценти.

Деталите за постигнатиот договор меѓу „Deutsche Bahn“ и синдикатите се очекуваат подоцна во текот на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП