4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti го најави својот концепт на EV кросовер

Infiniti го најави својот концепт на EV кросовер

Додека симпатизерите на спортски автомобили со нетрпение очекуваат да започне производството на „Project Black S“ кој ќе ја користи хибридната „F1“ технологија, „Infiniti“ знае дека „парите“ се во сегментот на кросовери.

Кога на тоа ќе се додаде и електричен погон, тогаш успехот на пазарот на премиум автомобили е загарантиран.

Затоа, „Infiniti“ за саемот на автомобили во Детроит го подготви својот концепт на електричен кросовер, а сега и за прв пат го најави.

Фотографијата од скицата укажува на линиите, елегантните „LED“ фарови, камерите наместо ретровизорите, огромните бандажи со едвај видливата рачка на вратите.

Иако изгледа дека автомобилот е само со две седишта, задната врата е исто така видлива, додека спортскиот изглед се нагласува со благо закосената линија на покривот.

Со оглед на неодамнешниот успех на „Prototype 10“ и „Q Inspiration“, нема сомневање дека и овој концепт на „Infiniti“ ќе привлече внимание, но за целосна слика ќе мораме да почекаме до јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП