7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПатниците ја избраа најдобрата авиокомпанија

Патниците ја избраа најдобрата авиокомпанија

emirates1

Авиокомпанијата „Emirates“ со седиште во Дубаи е прогласена за најдобрата авиокомпанија во светот на годишното доделување на награди „Skytrax World Airline“.

За наградата одлучуваа 18,2 милиони патници во 160 земји во светот, а оценката беше донесена според различни ставки – од чистотата на кабините до квалитетот на забавата и храната.

Компанијата „Emirates“ оваа награда ја освои прв пат во 2001 година, потоа во 2002 година, по што на првото место е една деценија. „Emirates“ исто така е прогласена и за најдобра компанија на Блискиот Исток, а ја освои и третата награда за забавата која ја нуди во текот на летото.

Кабинскиот персонал на „Cathay Pacific“ е прогласен за најдобар во светот, додека „Air Asia“ ја зема наградата за најдобра нискобуџетна авиокомпанија. Јапонската „ANA“ ја освои нагрaдата за чистота, и доби пет ѕвезди за рејтинг.

Наградите „Skytrax World Airline“ постојат од 1999 година, а се доделуваат врз основа на светското истражување за задоволството на патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП