18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСо кои работи ќе ги изнервирате колегите?

Со кои работи ќе ги изнервирате колегите?

Расправиите се неизбежни на работното место, но дали знаете што е тоа што може најмногу да ги изнервира вашите колеги?

Ретко што може да ги изнервира повеќе вашите колеги од обидот тие да резервираат термин за годишен одмор, независно дали зимски или летен, и токму тогаш да сфатат дека вие или некој друг колега го зафатил тој термин.

Ова ќе вознемири една третина од вработените и најчесто ќе предизвика расправија, покажа истражувањето на британската компанија „Hotels.com“.

На секој четврти вработен најмногу му пречат непристојните колеги кои ја крадат туѓата храна од фрижидер.

Освен тоа, во работното окружување во кое поминуваме една третина од животот, но и повеќе, започнува да ни пречи и слободното време кое колегите го земаат, а 17 проценти од вработените се нервираат поради тоа што нивниот колега пречесто е на пауза или долго се задржува на паузата за ручек и кафе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП