12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжен мораториумот за градби на територија на општина Центар

Продолжен мораториумот за градби на територија на општина Центар

Советот на Општина Центар на вчерашната седница одлучи да го продолжи мораториумот за градби на територија на општината, односно повторно ја донесе одлуката за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови.

„Мораториумот за градби за првпат беше донесен на 27 декември минатата година и продолжувањето е со важност до 30 април 2019 година. Со мораториумот, 31 ДУП се враќаат на повторна доработка, а истовремено се забранува издавање одобренија за градби на територија на општината, со што идејата на општината е да воведе ред во урбанистичкото планирање, но и да придонесе кон намалување на загадувањето на околината и атмосферскиот воздух“, велат од општината.

Покрај мораториумот, на седницата советниците ги изгласаа и донесоа и останатите точки од дневниот ред, меѓу кои и целосниот проект за изградба на фекална и атмосферска канализација на улицата Петричка во Маџир Маало, одлуки за работата на ЈП „Паркинзи на општина Центар“, измени во буџетскиот календар за работа на општината во 2018 година и други.

Пред седницата дневниот ред претрпе измени со што одредени точки беа повлечени, но беа додадени и нови. На предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додадена беше и точката за поддршка на семејствата на бранителите – учесници во конфликтот од 2001-ва година.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во консултација со советниците, материјалот го даде на понатамошна обработка и точката за поддршка на бранителите ќе се најде на дневен ред на некоја од идните седници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП