6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за кариера во Битола

Саем за кариера во Битола

 Саем за кариера ќе се одржи денеска во Битола на кој компаниите ќе пондат над 100 слободни работни места.

Настанот вклучува штандовска презентација на компании за слободни работни места, со кратки презентации од претставници на иновативни бизниси од Македонија, можност за посетителите да се запознаат и да разменат контакти со дел од компаниите. Дел од настанот се и интерактивни инспиративни и едукативни работилници за мотивација на млади да започнат сопствен бизнис.

Саемот се одржува во рамки на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации во младинското вработување во соработка со Инфо клубот Битола, а поддржан од општина Битола, УНДП и Фондот за иновации и технолошки развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП