19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија нема да може да пребира нови договори за Брегзит

Британија нема да може да пребира нови договори за Брегзит

Германија сака да избегне тежок Брегзит, но Британија не може да пребира околу договорот, вели министерот за надворешни работи на Германија.

„Ќе сториме се за да избегнеме тежок Брегзит. Но да биде јасно: Повлекувањето значи повлекување. Нема пребирање,“ напиша Хаико Мас на Твитер.

Неговите забелешки беа реакција по средбата на лидерите од ЕУ и британската премиерка Тереза Меј во Брисел, каде Меј се очекува да бара ново одобрение за Брегзит.

Министерот Мас ја елиминираше можноста за повторно преговарање околу нацрт-договорот кој беше заклучен во ноември, на што додаде дека тоа е „фер компромис“ по долгите преговори меѓу ЕУ и Британија.

Во понеделникот Меј соопшти дека гласањето за Брегзит во Парламентот ќе биде одложено, со образложение дека договорот „би бил отфрлен со голема разлика“.

Портпаролот на премиерката подоцна соопшти дека гласањето ќе се одржи пред 21 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП