3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција продаде обврзници вредни 1,3 милијарди евра

Грција продаде обврзници вредни 1,3 милијарди евра

gr21

Грција денес од продажбата на обврзници на аукцијата за тримесечни обврзници доби 1,3 милијарди евра, со стабилна каматна стапка од 4,02 проценти, наведува Агенцијата за управување со јавниот долг на Атина.

Грција на претходната аукција за тримесечни обврзници, која беше оддржана во мај, исто така доби 1,3 милијарди евра со иста каматна стапка, пренесува агенцијата Франс Прес.

Презадолжената Атина, која од 2010 година е исклучена од пазарот за долгорочни обврзници, се ослонува на меѓународниот пакет помош и редовно ги исполнува краткорочните обврски.

Претставниците на Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд во моментов се во посета на Грција, каде ја вршат редовната контрола за напредокот во спроведувањето на реформите наметнати во замена за финасиска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП