2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија останува на патот на раст и покрај трговските конфликти

Германската економија останува на патот на раст и покрај трговските конфликти

Германската економија останува на патот на растот благодарение на силната локална побарувачка, иако позитивниот тренд се забавува поради сложената комерцијална средина и некои привремени ефекти врз автомобилскиот сектор. Ова се наведува во месечниот извештај на Министерството за економија, цитиран од „Ројтерс“.

„Трговските конфликти, превирањата кај валутите на новите пазари и геополитичките конфликти натежнуваат врз глобалната економија и ја зголемуваат општата несигурност за економскиот развој“, посочуваат од Министерството.

Во исто време одложувањето на парламентарните избори во Велика Британија по договорот за „Brexit“ го одржува ризикот од хаотичен излез на земјата од рамките на блокот, посочуваат уште германските економисти.

Од друга страна договорените од Владата мерки, како намалувањето на данокот од доход и зголемувањето на помошта за семејствата со повеќе деца, ќе и даде на економијата поттик од почетокот на следната година.

„Генерално германската економија треба да се претстави добро во оваа тешка средина“, се вели во извештајот.

Во понеделникот министерот за економија Петер Алтмајер ја намали прогнозата за раст на Владата за оваа година до 1,5-1,6%, а претходните очекувањата беа за 1,8%.

Германскиот институт за економски истражувања „DIW“ исто ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија до 1,5 проценти и 1,6 отсто од бруто домашниот производ за 2018-та и 2019-та година.

Новата прогноза, направена во позадина на забавувањето на светскиот економски раст, што се одразува негативно на извозно ориентираната германска економија, претставува намалување на прогнозата за 0,3 процентни поени за 2018-та година и за 0,1 процентни поени за 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП