20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ се насочува кон еколошките ѓубрива

ЕУ се насочува кон еколошките ѓубрива

Пратениците на ЕУ го одобрија договорот со Европскиот парламент за новите правила за ѓубрива, објави Европскиот совет.

Регулативата ги усогласува стандардите за ѓубрива произведени од органски или секундарни суровини во ЕУ, што отвора нови можности за нивно големо производство. Покрај тоа, исто така, се утврдија усогласените гранични вредности за голем број загадувачи содржани во минералните ѓубрива.

Новата регулатива ќе обезбеди широк спектар на иновативни и еколошки ѓубрива на пазарот, велат авторите на проектот. Во соопштението се истакнува дека целта е земјоделците и потрошувачите да имаат корист од очекуваниот раст на земјоделската продуктивност, како и почисти почви.

Согласно проектот за регулатива на производите на ЕУ за ѓубрење кои ја носат ознаката „CE“, ќе треба да исполнат одредени барања, за да уживаат слободно движење во рамките на внатрешниот пазар на ЕУ, посочи Елизабета Кеостингер, сојузен министер за одржлив развој и туризам во Австрија.

Овие барања ќе вклучуваат задолжителни максимални нивоа за загадувачи, употреба на одредени категории на композитни материјали и барања за етикетирање. Производителите на вештачки ѓубрива кои немаат „CE“ ознака ќе можат да продолжат да се нудат на домашниот пазар.

Новата регулатива, која ќе ја замени сегашната регулатива за ѓубрива од 2003-та година, ги опфаќа сите видови ѓубрива (минерални, органски, подобрувачи на почва, поттикнувачи на раст).

Таа ќе се применува три години по нејзиното влегување во сила.

Нацрт-регулативата треба официјално да биде усвоена од Европскиот парламент и од Советот. Таа ќе стапи во сила на дваесеттиот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија.

Комисијата го претстави својот предлог во март 2016-та година како дел од акциониот план на ЕУ за циркуларната економија. Една од главните цели е да се промовира големото производство на ѓубрива од европски производители на ​​органски или секундарни суровини во согласност со моделот на кружна економија, така што отпадот се претвораат во хранливи елементи за земјоделските култури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП