29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР го прекина финансирањето на проектите за јаглен

ЕБОР го прекина финансирањето на проектите за јаглен

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе престане да финансира јаглени проекти и речиси сите нафтени проекти, објави институцијата синоќа, цитирана од светските агенции.

Оваа одлука е дел од глобалните напори на државните банки за развој во борбата против климатските промени.

Банката веќе направи свој приоритет во енергијата од обновливи извори и други проекти на „зелена економија“, но мерката сега ќе ги укине исклучоците како Монголија и Полска, како и Казахстан, кои добиваат над 70 проценти од локалната енергија од јаглен.

Декарбонизирањето на енергетскиот сектор на регионот опфатен од „ЕБОР“ бара откажување од најзагадувачките горива, рече Нандита Паршад, управен директор на „ЕБОР“, задолжена за енергијата и природните ресурси.

Новата стратегија ги поставува стратешките упатства за инвестирање на Банката во следните пет години.

Освен тоа од јануари „ЕБОР“ ќе ја прифати „Методологија за скриените јаглеродни цени“, која ќе се користи кај проектите на банката со значителни „отпечатоци“ од емисиите на гасови кои предизвикуваат ефект врз животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП