1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј ​​може да здивне, пратениците на Конзервативната партија изгласаа доверба

Тереза Меј ​​може да здивне, пратениците на Конзервативната партија изгласаа доверба

Британската премиерка останува на чело на Конзервативната партија, додека со цела сила се обидува да го спаси договорот за Брегзит.

Тереза ​​Меј може да здивне, откако членовите на владејачката Конзервативна партија изгласаа доверба и ѝ дозволија да остане на чело на партијата во наредните 12 месеци.

Премиерката Меј доби 200 гласови за поддршка, а 117 пратеници беа против.

Иако пратениците на Конзервативната партија ја поздравија оваа одлука, новинарката на Би-Би-Си Лора Кинсберг вели дека таков тежок резултат е “вистински удар” на авторитетот на премиерката.

Според прописите, ново гласање за доверба не може да се одржи во наредните 12 месеци.

Гласањето за доверба дојде откако членовите на нејзината конзервативна партија ги собраа потребните 48 писмени барања за разрешување.

Меј претходно им рече на пратениците дека нема да се кандидира на следните избори за лидер на партијата.

Говорејќи во седиштето на владата во Даунинг стрит, Меј вети дека ќе стави крај на процесот за излез на Велика Британија во Европската унија “за што народот гласаше”.

Сепак, таа додаде дека ги разгледала проблемите посочени од пратениците кои гласале против неа и дека ќе се бори да го промени договорот за Брегзит на самитот на ЕУ во четврток.

Меј рече дека сега има “обновена мисија” – да го изнесе Брегзит за кој народот гласал, повторно да ја обедини земјата и да ја изгради за да биде функционална за секого “.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, рече после гласањето дека “владата на Тереза ​​Меј е во хаос”.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП