21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија ја покачува минималната плата за 22 отсто

Шпанија ја покачува минималната плата за 22 отсто

На 21 декември шпанската влада ќе ја покачи минималната плата за 22 отсто, односно на 900 евра, денеска изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

Покачувањето, кое ќе стапи на сила во јануари, беше договорено со партијата „Подемос“ како дел од напорите на социјалистичкиот премиер да обезбеди поддршка за буџетот за 2019 година кој треба да биде усвоен во парламентот.

Растот на платите, за кој се очекуваше официјално да се одлучува на 28 декември, ќе биде одобрен со декрет, за што Санчез рече дека е знак дека неговата влада сака да го зголеми „просперитетот за сите територии“.

Санчез контролира помалку од една четвртина од местата во парламентот, па затоа, за усвојување на буџетот му се потребни гласовите на помалите партии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП