22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите имаат повисоки приходи од повеќето Европејци

Французите имаат повисоки приходи од повеќето Европејци

Според најновите податоци објавени од „Еуростат“, Франција всушност е во првите четири земји во ЕУ во однос на расположливиот приход на домаќинствата.

Само Луксембург, Германија и Австрија се подобри во овој поглед, додека француските домаќинства имаат далеку повеќе пари отколку просечните жителите на земјите од Европската Унија.

Накратко, просечниот Французин е во подобра финансиска ситуација од повеќето во Европа, рече Иан Бег, истражувач на Европскиот институт при Лондонската школа за економија. Тој додаде дека со оглед на тоа дека податоците покажуваат дека Франција е меѓу земјите со највисок расположлив приход во ЕУ, тие немаат цврста причина за протестирање.

Грција, Унгарија и Латвија, пак, се најдоа меѓу земјите со најниски расположливи приходи.

Сепак, по неодамнешните протести на „жолтите елеци“, кои се жалат дека не можат ги прехранат своите семејства, се поставува прашањето дали податоците на „Еуростат“ ја прикажуваат реалната слика за Франција.

Според Бег, податоците се пресметуваат со помош на вештачка валута која се прилагодува според разликите во цените меѓу различни земји за да направи споредба меѓу нив, па така тие не секогаш ја прикажуваат целосната слика за трошоците за живот на луѓето. Податоците се однесуваат на главните градови, па така често не ги земаат предвид повисоките трошоци за живот во одредени области или, пак, пониските во други.

Ваквите пресметки го претставуваат просекот, но во суштина, некои живеат подобро како резултат на политиките на Макрон, а други живеат полошо“, додаде Бег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП