27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЗШВ: Изградбата на системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за...

МЗШВ: Изградбата на системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5 000 хектари земјоделска површина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во општина Велес одржа работен состанок за реализација на проектот за „Повеќенаменски ХС Лисиче 2“.

На состанокот, како што информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, присуствуваа жители од Велешкиот Регион, пратеници, градоначалниците на Велес и Чашка, директорот на ЈПВ Лисиче, директорот од Управата за водостопанство и претставници од МЗШВ и консултантот на германската развојна банка KfW. На состанокот се разговарало за почетокот на проектот, а консултантот на германската развојна банка „KfW“, беше информиран за потребите и значењето на овој проект за Велешкиот Регион.

„Системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5 000 хектари земјоделска површина, вода за производство на електрична енергија од три мали хидроцентрали и полнење на акумулацијата ‘Младост’, која се наоѓа блиску до Велес. Овој систем за наводнување ќе опфати речиси 85 проценти од населението во регионот, вклучено во земјоделски активности. Со изградбата на системот за наводнување ќе се изврши и поврзување на акумулациите ‘Лисиче’ и ‘Младост’ и изградба на мали хидроелектрани. Вкупната инвестиција е околу 28,5 милиони евра, а ќе се финансира со помош на германската развојна банка KfW банка“, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Министерсвото додаваат дека овој проект бил долгогодишно барање на граѓаните и е од големо значење за регионот, а неговата реализација, како што соопштија оттаму, директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во Велешкиот Регион и врз подобрување на конкурентноста на земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП