8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаспром двојно го зголеми профитот

Гаспром двојно го зголеми профитот

gazprom

Најголемиот светски производител на гас, Гаспром, Русија, соопшти дека нето профитот за третиот квартал од минатата година двојно се зголемил, благодарение на повисоките приходи.

Нето профитот за третиот квартал од 2012 година изнесуваше, 305,05 милијарди рубљи (10,05 милијарди долари), во споредба со 151,98 милијарди рубљи (5,07милијарди долари) во истиот период минатата година, изјави во соопштението рускиот плински гигант.

Приходите во тој период изнесуваа 1120 милијарди рубљи (36,9 милијарди долари), што претставува зголемување од 18 проценти во споредба со истиот период од 2011 година.

Во првите девет месеци во 2012 година, нето добивката сепак била 12 проценти пониска во однос на истиот период минатата година кога изнесувала 813,7 милијарди рубљи (26,8 милијарди долари), изјавуваат од Гаспром. Сепак, вкупните приходи се зголемени за само два проценти, 3.351 милијарди рубљи (110,4 милијарди долари).

Нето продажбата на гасот, во период од девет месеци се намалила за осум проценти, под притисок на 16 процентното намалување во продажбата во земјите од поранешниот Советски Сојуз. Продажбата на гас за Европа и другите земји се зголеми за четири проценти во текот на истиот период, благодарение на покачувањето на цените, додека обемот на продажбата опадна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП