23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер интензивно разговара со лидерите на ЕУ за брегзит

Јункер интензивно разговара со лидерите на ЕУ за брегзит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ги интензивираше разговорите со лидерите на ЕУ пред почетокот на самитот в четврток откако британската премиерка, Тереза Меј, изрази загриженост во врска со брегзит.

„Премиерката Mеј дојде да ја објасни ситуацијата во Велика Британија и изрази загриженост на Долниот дом на парламентот, која би сакала да ја реши во координација со нејзините европски лидери”, рече портпаролката на Европската комисија, Маргаритас Шинас.

Меј во понеделникот го откажа и гласањето за веќе постигнатиот договор со ЕУ за брегзит во парламентот во Британија откако наиде на низа несогласувања од страна на претставниците во парламентот.

Денеска исто така претавниците на нејзината партија, откако ги собраа потребните 48 писма, ќе гласаат за доверба на Меј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП