26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да оставите добар впечаток на разговорот за работа

Како да оставите добар впечаток на разговорот за работа

Првиот впечаток игра многу важна улога, понекогаш и одлучувачка кога разговарате со потенцијалниот работодавец. Затоа е многу важно добро да се подготвите и да изгледате самоуверено.

Еве неколку трикови како да оставите добар впечаток на разговорот за работа:

Пристојност и префинетост пред се

Без оглед на тоа како секојдневно се облекувате, она што ќе го облечете кога ќе појдете на интервјуто за работа, пред се, мора да биде чисто, испеглано и пристојно. Ако облечете здолниште или фустан, внимавајте на должината, истото важи и за пантолоните, не доаѓаат во предвид пантолони со должина до колена. Исто така, внимавајте и на деколтето, облеката не треба да биде претесна ниту преширока.

Не се плашете од боите

Деловната облека не мора секогаш да биде комбинација од црно, бело и сиво. Слободно разбијте ја монотонијата со некој моден додаток во повесела боја. Можеби вашите соговорници ќе ве запомнат токму по тоа.

Накит

Големиот и раскошен накит или едноставно огромната количина на накит во овие прилики би можела да остави нападен впечаток. Подобро е да изберете помали обетки или ѓердан со интересен привезок, нежен не преголем, а на раката да ставите часовник или некоја едноставна нараквица.

Внимателно со парфемот и шминката

Слично како и со накитот, преголемото количество на шминка исто така може да остави погрешен впечаток дека вие навистина не знаете за граници. Изберете природна варијанта, малку пудра и маскара се доволни, а ако се одлучите и за некоја сенка, одберете некоја посветла. Исто така, при изборот на парфем одлучете се за некој понежен и посвеж, не смеете да оставате трага од парфем зад себе.

Насмевнете се

Не заборавајте да се насмевнете. Насмевката испраќа позитивни вибрации, го опушта вашиот соговорник и дава впечаток дека сте попристапна и повесела личност со која лесно може да се разговара. Не ве чини ништо, а може да ви помогне при добивањето на посакуваното работно место за кое конкуриравте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП