26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ тоа се случи – блокада на Американците за уште еден гасовод

И тоа се случи – блокада на Американците за уште еден гасовод

Претставничкиот дом на САД едногласно ја усвои резолуцијата за воведување санкции поради изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

Тој документ исто така го повикува американскиот претседател Доналд Трамп да ја поддржи европската енергетска безбедност преку диверзификација на пазарот и намалување на зависноста од Русија.

Претходно помошникот на американскиот државен секретар за енергетика изјави дека САД преку проектот „Северен поток 2“ се загрозува безбедноста на Европа.

Американски дипломат нагласи дека САД ги повикува сите страни да се повлечат од проектот „Северен поток 2“.

Проектот „Северен поток 2“ подразбира изградба на два крака на гасовод, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото море па до Германија. Новиот гасовод би требало да биде изграден покрај постоечкиот „Северен поток“. Тој ќе минува низ територии или исклучиво економски зони на државите долж Балтичкото море, пишува „Спутник“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП