14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковиси: Францускиот буџетски дефицит над 3% е исклучително прифатлив

Московиси: Францускиот буџетски дефицит над 3% е исклучително прифатлив

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси, во врска со можното надминување на 3 отсто од дефицитот на БДП-то на Франција за следната година, рече дека тоа е прифатливо на привремена и исклучителна основа.

„Ако ги земеме правилата, ова ограничување може да се надмине само маргинално, привремено и исклучително“, рече Московиси.

Ова беше неговиот одговор на прашањето дали Европската комисија нема да го отфрли буџетот на Франција за 2019-та година ако дефицитот надмине 3 отсто од БДП-то.

„Секој збор е важен: можното надминување на трите проценти не треба да трае две последователни години ниту да изнесува повеќе од 3,5 отсто годишно“, рече Московиси.

Европската комисија нагласи дека мерките што ги објави претседателот Емануел Макрон во понеделникот се потребни за итно да одговорат на потребата за зголемување на куповната моќ на Французите. Макрон вети зголемување од 100 евра за минималната месечна плата во Франција од јануари.

Во телевизиското обраќање до нацијата, по насилните протести на движењето „жолти елеци“, францускиот претседател, исто така, рече дека најавил „социјална и економска вонредна состојба“. Тој рече дека планираното зголемување на даноците за пензии нема да се однесува на луѓе со приходи помали од 2.000 евра.

Макрон ги покани работодавците кои можат да си дозволат да им платат на своите работници посебна премија до крајот на годината за да бидат ослободени од даноци и социјални одбивања. Но, тој одби да го врати данокот на имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП