29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: ЕУ сака да ѝ помогне на британската премиерка, но не знае...

Туск: ЕУ сака да ѝ помогне на британската премиерка, но не знае како

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск изјави синоќа дека Европската Унија сака да ѝпомогне на британската премиерка, Тереза Меј која се соочува со несогласувања во парламентот за договорот за брегзит, но не знае на кој начин.

„Имав долг и искрен разговор со Тереза Меј пред самитот за брегзит. Јасно е дека ЕУ сака да помогне, но прашањето е како“, наведе Туск на „Твитер“, по состанокот со британската премиерка, која пред Брисел беше и во работна посета на Хаг и Берлин каде разговараше со холандскиот колега, Марк Руте и германската канцеларка, Ангела Меркел.

Британската премиерка го одложи гласањето за договорот за брегзит во британскиот парламент поради несогласувања на пратениците кои се закануваа дека ќе гласат против документот со што би се отворил патот за „развод“ на Лондон и Брисел без договор.

Туск синоќа изјави дека нема да има нови преговори за договорот, а канцеларката Ангела Меркел рече дека не е можно да се менува договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП