9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на странски инвеститори ќе ја промовира „Белата книга 2018“

Советот на странски инвеститори ќе ја промовира „Белата книга 2018“

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе го промовира второто издание на „Бела книга 2018“.

Целта на публикацијата е унапредување на бизнис климата во земјата преку конструктивни препораки и мислења од компаниите – членки.

На промоцијата е најавено присуство на премиерот Зоран Заев, претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Дел од настанот ќе бидат и други високи владини претставници, претставници на бизнис заедницата, амбасади и меѓународни институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП