1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј на средба со Меркел, ќе се разговара за Брегзит

Меј на средба со Меркел, ќе се разговара за Брегзит

Германската канцеларка ќе се сретне со премиерката на Британија в четврток во Берлин, каде ќе дискутираат за актуелните настани околу Брегзит, велат од кабинетот на Меркел.

„На барање на Британија, канцеларката Ангела Меркел ќе одржи средба со британската премиерка Тереза Меј в четврток во 13:00 часот,“ соопшти портпаролот Штефан Зајберт.

Во понеделникот Меј најави дека гласањето за Брегзит во парламентот ќе биде одложено и додаде дека договорот би бил отфрлен со голема разлика.

Сепак, Европската унија вели дека повторните преговори не се возможни, но дека ќе може да се разгледаат плановите во случај на отфрлање на договорот.

„Нема да преговараме за нов договор, но спремни сме да разговараме за тоа како да се олесни ратификацијата,“ изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Со оглед на тоа што времето е кусо, спремни сме и сценарио без договор,“ додаде Туск.

Лидерите од ЕУ ќе се сретнат во Брисел на дводневен самит, каде ќе се дискутира за Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП