29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена листа на европски градови со најголем сообраќаен метеж

Објавена листа на европски градови со најголем сообраќаен метеж

Во голем број европски метрополи сообраќајниот метеж е најголемиот проблем за возачите, а неодамна беше изработена и листа на главни градови во кои се создава најголем сообраќаен застој.

Според листата на INRIX, Москва се соочува со најголеми сообраќајни метежи, па така во 2017 година возачите минале 91 час чекајќи во застои.

Ситуацијата не е подобра ниту во Лондон, како и во Париз, градови кои се на второто и третото место на оваа листа. Во претходната година возачите во британскиот главен град минаале 74 часа на улиците, додека таа бројка во Париз изнесува 69 часа.

Истанбул е на четвртото место на листата, Осло на петтото, а комплетната листа погледнете ја подолу.

Москва – 91 час,
Лондон – 74 часа,
Париз – 69 часа,
Истанбул – 59 часа,
Осло – 46 часа,
Берлин – 44 часа,
Мадрид – 42 часа,
Брисел – 39 часа,
Рим – 39 часа,
Варшава – 35 часа,
Стокхолм – 34 часа,
Луксембург – 33 часа,
Даблин – 30 часа,
Амстердам – 30 часа,
Братислава – 29 часа,
Берн – 28 часа,
Прага – 24 часа,
Копенхаген – 24 часа,
Хелсинки – 24 часа,
Будимпешта – 24 часа,
Лисабон – 22 часа,
Љубљана – 21 час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП