28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКредибилитетот е многу важен, затоа внимавајте да не го загубите

Кредибилитетот е многу важен, затоа внимавајте да не го загубите

Експертот за меѓучовечки односи, Џон Рехинг, не советува на кој начин треба да се однесуваме со цел да не се понижиме самите себеси и да го задржиме нашиот кредибилитет на посакуваното ниво.

Клиентите нема да ви кажат дека дека ја изгубиле довербата во вас, но тие ќе престанат да доаѓаат кај вас, вели тој. Еве три начини како може да го изградите и да го одржувате Вашиот кредибилитет.

1. Не зборувајте во „апсолутни вредности“

Колку повеќе стареам, толку повеќе разбирам дека има само малку работи во животот кои се дефинитивни. Јас се восхитувам на пасијата, но луѓето кои кажуваат зборови како, сите, секој, секогаш, дефинитивно и апсолутно навистина звучат непријатно.Лугето кои имаат најмногу кредибилитет се оние кои учат. Тие се отворени за можности. Опасноста со зборувањето во апсолутни вредности, само ви дава можност да покажете дека грешите, дека сте игнорантни или лажговци. Модифицираните зборови како на пример, скоро, блиску, најчесто ќе покажат дека вие имате разбирање за сите можности.

2. Споделете повеќе од тоа што го гледате а помалку од тоа што го знаете

Колку повеќе учите, толку повеќе сфаќате дека помалку знаете. Она што го научив со моето искуство е способноста да ги идентификувам и и толкувам потребите на партнерите. Овој свет постојано се менува и додека историските информации се важни, оние коишто се способни да набљудуваат во текот на животот, повеќе се прифатени и им е дадена можност да го водат патот кон иднината.

3. Исполнувајте го она што сте го ветиле (ова е најважното, потсетува Рехинг)

Една од моите основи вредности е постојаноста и искреноста, што е често битка во која ги користам сите мои алатки за да ги следам практичните совети. Но тоа е патеката која јас ја избирам. Јас се посветив да бидам лидер и да нудам неверојатно искуство. Ако јас не верувам во она што го кажувам, тогаш нема причина тоа да го кажувам.

Вистината е дека дури и малку да погрешам, тоа нема да ме чини клиент или читател, но непостојаноста ќе ме направи лажго. Јас најверојатно нема да можам да живеам со товарот дека ме сметаат за лажливец. Постојаната позитивна репутација и силен кредибилитет ми помогнале да ги зголемам моите можности, и шанси за успех. Направете го тоа и вие!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП