29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го презеде второто место во продажбата на оружје од конкурент кој...

Русија го презеде второто место во продажбата на оружје од конкурент кој многумина ќе изненади

Русија стана втората земја во светот по продажба на оружје, пишува Си-ен-ен цитирајќи нов извештај објавен од Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм.

Интересно, Русија оваа позиција ја презеде од Велика Британија, која сега е на третото место.

Според ова истражување, руските компании минатата година оствариле 9,5 отсто од вкупната продажба на оружје во светот.

На првото место, уште недопирливи се САД. Американските компании во текот на 2017 година оствариле 57 отсто од светската трговија со оружје. Потоа е Русија со 9,5 отсто. На третото место е Велика Британија со коефициент од 9 отсто.

„Руските компании имаат значителен пораст во продажбата на оружје од 2011 година наваму“, вели Сајмон Веземан, вработен во институтот во Стокхолм.

„Ова е во согласност со фактот дека Русите трошат повеќе пари за модернизација на армијата“, додава тој.

На врвот на листата се уште и Франција со 5,3 отсто од светската продажба на оружје, потоа Италија (2,6 отсто), Јапонија (2,2 отсто), Германија (2,1 отсто) и Израел (2 отсто). Индија е вклучена во глобалната трговија со оружје со 1,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП