25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМоделите на Opel ќе добијат електрични и „plug-in“ хибридни верзии

Моделите на Opel ќе добијат електрични и „plug-in“ хибридни верзии

„Opel“ во 2019-та слави 120 години производство на автомобили, а овој јубилеј ќе биде одбележан со лансирање на електрични и „plug-in“ хибдридни модели.

Кога станува збор за целосно електрични автомобили, секако најинтересна е „Corsa EV“ чија премиера е закажана за следната година.

Овој модел во продажните салони ќе се појави во првата половина од 2019-та, а како што најави првиот човек на компанијата „Opel“, Михаел Лохшелер, „Corsa EV“ ќе овозможи елетричните автомобили да стана подостапни за многу купувачи.

„Opel“ во 2019-та ќе понуди и „Grandland X Plug-in Hybrid“ кој ќе има „e-AWD“ погон на сите 4 тркала. Овој автомобил ќе го користи истиот погонски систем како и „Peugeot 3008 GT Hybrid4“, со вкупна моќ од 300 ks (221 kW).

Покрај 1.6-литарскиот „PureTech“ бензинец со 200 ks (147 kW), хибридниот систем има и два електромотори, секој од по 110 ks (80 kW). Потсетуваме, моделот „Peugeot 3008 GT Hybrid4“ благодарејќи на батериите со капацитет од 13,2 kWh има автономија во возењето на електрична енергија од околу 50 km, мерено според новиот тест „WLTP“.

Во 2019-та ќе дебитира и втората генерација на „Opel Mokka X“, која исто така ќе добие електрифицирана верзија. Почетокот на производството на овој автомобил е предвиден за 2020-та.

За 2020-та е најавена и електрична верзија на лесното комерцијално возило „Opel Vivaro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП