29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриштина подготвува нови мерки против Србија

Приштина подготвува нови мерки против Србија

Авин Арифи, советникот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и шефот на преговарачкиот тим во дијалогот со Белград, за „Експрес“ изјави дека Приштина подготвува нови дополнителни мерки против Србија, но не може да потврди дали тие ќе бидат усвоени денеска на седница на Владата.

Како што пренесуваат медиумите, се разгледува воводување на три дополнителни санкции или забрана за влез на возила со српски регистарски таблички бидејќи тоа важи и за косовските таблички во Србија, непризнавање на српските документи и забрана за увоз на стоки кои се од странски компании но се пакуваат во Србија, пишуваат приштинските медиуми.

Претходно Хаки Шатри, економски советник на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека одлуката сè уште не е донесена, но дека се дискутира за тоа.

„Во прашање се три мерки кои се слични на мерката за таксите од 100 отсто, а кои се однесуваат на признавањето документи, на забраната за влез на возила со таблички на Србија, како и за регистрацијата на странски компании што го снабдуваат Косово од Србија“, додаде тој.

На 21 ноември владата на Косово воведе нови царини од 100 проценти на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, со цел, како што беше објаснето во тоа време, зајакнување на домашното производство, економијата и косовската државност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП