20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбрамовиќ меѓу шесте руски тајкуни на црната листа на Тереза ​​мај

Абрамовиќ меѓу шесте руски тајкуни на црната листа на Тереза ​​мај

Британските разузнавачки служби составиле листа од шест магнати блиски до Владимир Путин, кој треба да бидат дополнително санкционирани поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Шкрипал и неговата ќерка, пишуваат островските медиуми. Најпознатото име на листата е сопственикот на лондонскиот клуб “Челзи”, Роман Абрамович.

Според “Дејли мејл”, разузнавачките служби сакаат на олигарсите да им се укинат визите и да ги блокираат да патуваат и да ги водат нивнате империи, а планот е и да се провери нивната финансиска и имотна состојба.

– Целта на мерките што сакаме да ги преземеме е да го ограничиме нивниот маневарски простор и нивната способност слободно да патуваат и да делуваат во Британија, Европа и на друго место. Веруваме дека активностите на Кремљ се на сите фронтови, вклучувајќи ја и употребата на своите финансиски средства во име на руската држава – изјави извор од полицијата за “Телеграф”.

Според него, Роман Абрамович е на листата бидејќи се верува дека е најважниот финансиер на Путин. Ниту еден од соработниците на рускиот олигарх не сакаше да ги коментира овие наводи.

Покрај газдата на “Челзи”,  познати на листата се и милијардерот и поранешен џудо партнер на рускиот претседател, Аркадиј Ротенберг и неговиот брат Борис, како и Олег Дерипаска и Алишер Усманов. Шестиот на листата исто така е добро познато име – Игор Сечин, човекот кој се смета за најмоќен во руксите медиуми.

Британските медиуми велат дека санкциите за споменатите шест се директно поврзани со труењето во Сослбери, а “Дејли мејл” ги нарекува одмазда, но нема индиции дека самите тие учествувале во тоа.

Листата, наводно, била предадена на Тереза ​​Мај, премиерката на Обединетото Кралство.

Колку за потсетување, поранешниот шпион Сергеј Шкрипал и неговата ќерка Јулија отруени се на 4. март оваа година во британскиот град Солсбери. Истрагата покажа дека Шкрипал и неговата ќерка, кои поминаа во болница неколку месеци, се отруени со нервен отров “novicok”, со руско потекло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП