16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

Италијанската популистичка влада ги предупреди европските партнери дека социјалната стабилност на земјата е изложена на ризик ако Брисел продолжува да не го прифаќа утврдениот буџет на Рим за 2019-та година, пренесува „Bloomberg“.

Премногу високиот констатиран дефицит и зголемените социјални трошоци предвидени во италијанскиот буџет за 2019-та година, се причина за расправии меѓу Брисел и владата во Рим, која одбива да направи промени на финансиските планови.

Можно е оваа недела италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Изгледа стравувањата од зголемување на поддржувачите движењето на „жолтите елеци“ во соседна Франција ќе му ја дадат на Конте потребната предност.

„Не сакаме да ги гледаме сликите од Париз во Италија, па затоа се обидуваме да го гарантираме економскиот раст и социјалниот мир“, посочи италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

И додека Брисел продолжува да инсистира и да и се заканува на Италија со санкции ако таа не направи корекции во нацрт-буџетот, изгледа Конте веќе нашол соодветни аргументи за задржување на истиот.

„Земјата не може да се концентрира само на финансиската стабилност, треба да се погледне и врз социјалната“, истакна премиерот.

Според италијанскиот весник „La Stampa“, Конте ќе го потврди својот став и на евентуалната средба со Јункер, а тој ќе посочи дека актуелната влада во Италија е единствената опција во земјата да се избегнат немирите и социјални бунтови, предизвикани од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП