12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP ја ослободува моќта на Големите Податоци

HP ја ослободува моќта на Големите Податоци

hewlett-packard

Лас Вегас, 19 јуни 2013 — Компанијата Hewlett Packard го проширува портфолиото за големи податоци, дизајнирано на организациите да им обезбеди подобар увид во нивните податоци и да обезбеди исходи во вистинско време.

 

Согласно истражувањето нарачано од HP, речиси 60 проценти од испитаните компании, оваа година, ќе потрошат барем 10 проценти од својот иновациски буџет на големи податоци. Студијата, исто така, вели дека повеќе од една во три организации доживеале неуспех со иницијативата за големи податоци.

 

Унапреденото портфолио на HP ги испорачува потребните услуги и решение да се овозможи успешна имплементација на овие активности и да се овозможи претпријатијата да се справат со растечкиот волумен, разновидност, брзина и ранливост на податоците.

 

За да им помогне на организациите да ги добијат наградите од големите податоци, HP го најави HAVEn, аналитичка платформа за големи податоци.

Големите податоци овозможуваат организациите да имаат предност над тоталноста на нивните информации – и внатрешни и наодворешни – во вистинско време. Произведува екстремно брзи одлуки што резултира во уникатни и иновативни начини да ги служат клиентите и општеството”,изјави Џорџ Кадифа, извршен претседател, Софтвер HP.

 

“HP ја има ширината и длабочината и на платформата и на продуктното портфолио да им помогне на претпријатијата да ја ослободат моќта на големите податоци.”   

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП