29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Одложувањето на растот на економијата на САД ќе биде посилно во...

ММФ: Одложувањето на растот на економијата на САД ќе биде посилно во 2020-та

САД ќе ги почувствуваат последиците од истакнатото забавување на растот во остатокот од светот, предупреди синоќа главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Морис Обсфелд. Тој ги отфрли, засега, хипотезата од рецесија во најголемата економија во светот, пренесе Франс прес, цитиран од агенциите.

„Се предвидува во одреден момент растот (на американската економија) да забави во 2019-та година во споредба со темпото во оваа година, бидејќи фискалните и буџетските иницијативи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе се непресушни“, истакна Обсфелд на состанок организиран од изданијата „Wall Street Journal“ и „Financial Times“ пред неговото заминување на Фондот.

„Одложувањето „ќе биде многу изразено во 2020-та година, отколку во 2019 година според податоците со кои располагаме“, додаде тој. ММФ веќе предвидува пад на прогнозата за растот на американската економија во следната година (до 2,5 отсто во однос на прелиминарните очекувања од 2,9 отсто за 2018-та година).

„За остатокот од светот изгледа „балонот“ е на пат да се намали. Ова на крајот ќе влијае на САД“, предупреди Обсфелд, тврдејќи со економските податоци кои се послаби од очекуваните, отчитани во Азија и Европа во третиот квартал.

Обсфелд кој ќе го напушти Фондот на крајот на годината и ќе биде сменет од функцијата од индијката Гита Гопинат од Универзитетот „Харвард“, изрази жалење уште еднаш во последниве месеци, во врска со трговските конфликти кои се закануваат на економскиот раст.

На прашање поврзано со демонстрациите на „жолтите елеци“ во Франција, Обсфелд изјави дека тие сигурно ќе се одразат на економијата на земјата, истакна АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП