28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкот на германските железничари ги стопира меѓуградските возови

Штрајкот на германските железничари ги стопира меѓуградските возови

Штрајкот на железничарите поради спорот околу платите со работодавачите ги стопира меѓуградските возови ширум Германија, објави железничката компанија „Дојче бан“.

Од компанијата велат дека доцнењето и откажувањето на возовите ќе трае во текот на целиот ден.

Штрајкот е организиран откако во саботата синдикатот ги напушти преговорите за платите. Состојбата ќе ги погоди патниците на локалните, регионалните и другите линии, како и товарниот сообраќај.

Синдикатот бара зголемување на платите од 7, 5 отсто, додека државните железници нудат пет отсто во две фази и еднократна исплата од 500 евра.

Во „Дојче бан“ тврдат дека платите така би пораснале за 7,1 отсто. Компанијата смета дека одлуката на синдикалците да ги прекинат преговорите предизвикала непотребна ескалација, која ќе им наштети на патниците за време на празничните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП