25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако во лето да се облечете за на работа?

Како во лето да се облечете за на работа?

leto1

Со зголемувањето на температурите во лето, се потешко е да најдете соодветна комбинација на облека за на работа.

Балансирањето помеѓу облеката во која ќе ви биде удобно цели осум часа и облеката која е доволно пристојна за секоја компанија прашањето … Каде е границата? … станува се потешко.

„Не сакате да облечете нешто со што целото внимание на околината ќе биде насочено кон вас, доколку за некоја облека треба да размислите два пати, прескокнете ја“, советуваат експертите.

Што е дозволено а што не?

Апостолките, мини здолништата, кусите маички за на плажа и парфемите со мирис на млеко за сончање не се дозволени на работното место.

Светлите бои и лесните ткаенини ќе ви помогнат и овозможат летната сезона да ја поминете полесно. Можете да искомбинирате и сандали со отворени прсти, но внимавајте вашите стапала да бидат уредни.

Жените треба да внимаваат нивните здолништа да не се проѕирни, премногу тесни и да се од природни материјали. Мажите покрај класичните пантолони од природен материјал, може да комбинираат и кошула со кратки ракави, која нема да биде премногу тесна и ќе дозволи возухот да циркулира низ неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП