28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески побара поддршка од ЕУ за инфраструктурните проекти

Сугарески побара поддршка од ЕУ за инфраструктурните проекти

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој присуствува на вториот Министерски самит на ЕУ за Западен Балкан, кој се одржува во Брисел во рамки на Договорот за основање на транспортната заедница, побара поддршка од ЕУ за инфраструктурните проекти.

„Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски достави апликација за инвестициски грант во износ од 5.136.000 евра за изградба на заедничката станица со Република Србија. Искрено, се надевам дека апликацијата ќе биде одобрена од страна на Управниот комитет на ВБИФ, по што ќе почнат постапките за избор на изведувач и надзорен инженер. Согласно со планот за набавки, се предвидува градежните работи да почнат до средината на 2020 година”, потенцираше министерот Сугарески.

Во своето обраќање пред присутните, тој ја истакна важноста од примената на договорот за основање на транспортна заедница, како основа за поврзување на Европската Унија и земјите од Западен Балкан, договор кој е во насока на економска соработка и интеграција на транспортниот сектор на земјите од регионот во оној на Унијата.

Како посебен сегмент на кој се посветува големо внимание е безбедноста на патиштата, потенцираше министерот Сугарески. Тој пред министерите ги презентираше проектите кои ги работи Министерството за транспорт и врски во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Министерот посебен осврт даде на инфраструктурните проекти што се реализираат на пан-европските Коридор 8 и 10.

Во рамки на Самитот, министерот оствари и средба со еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, на која се разговараше за поддршката на ЕУ за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија. Покрај министерот Сугарески, на самитот присуствуваат и министерите за транспорт и инфраструктура на земјите од Западен Балкан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП