19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren претстави конкурент на Ferrari 488 Spider (фото+видео)

McLaren претстави конкурент на Ferrari 488 Spider (фото+видео)

Британскиот производител на суперспортски автомобили ги објави фотографиите и техничките детали од кабриолет верзијата на моделот „720S“.

„McLaren 720S Spider“ го користи истиот 4.0-литарски „twin-turbo V8“ агрегат кој е вграден во купе верзијата на овој модел. Моќта се пренесува на тркалата со димензии од 20 инчи со помош на 7-брзински автоматик.

Моторот испорачува 720 ks и 770 Nm, a „Spider“ од 0 до 100 km/h забрзува како и стандардниот „720S“ за само 2,9 секунди. При достигнување од 200 km/h, „720S“ со отворен покрив е малку побавен од купето, со оглед дека оваа брзина ја постигнува за 7,9 секунди.

Доколку се вози со подигнат покрив, „McLaren 720S Spider“ може да развие брзина од 341 km/h, додека се спуштен може да се движи до 325 km/h.

Електронски подвижниот тврд покрив се состои од еден панел изработен од јаглеродни влакна, кој се подигнува/спушта за само 11 секунди, а оваа операција може да се реализира и додека возилото е во движење, но при брзина до 50 km/h.

„McLaren“ истакнува дека подвижниот покрив заедно со механизмот за придвижување има тежина од само 49 kg, па затоа „720S Spider“ е тежок само 1.332 kg.

На купувачите автомобилот ќе им биде понуден во три верзии – „Standard“, „Performance“ и „Luxury“, a нa располагање се и 23 бои на надворешноста.

„McLaren“ веќе започна да прима нарачки за „720S Spider“ кој ќе чини преку 300.000 eвра, a првите испоракисе предвидени за март 2019-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП