4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМасовни отпуштања во Symantec

Масовни отпуштања во Symantec

symantec

Според непотврдени информации кои беа објавени во медимите, компанијата „Symantec“ има во план наскоро да отпушти 1.700 работници.

Веќе во текот на јуни 1000 вработени би требало да бидат отпуштени, додека следниот месец се подготвува отпуштање на 700 работници. Ваквиот чекор се дел од реорганизацијата на компанијата кои беа најавени во јануари по објавувањето на резултатите од работењето во третиот фискален квартал.

Најмногу на удар би требало да бидат вработените од средниот раководен кадар. Имено „Symantec“ има во план да го насочи своето работење на помал број на производи, најголем дел поврзани со безбедноста и мобилноста, со што ќе се укине потребата за 30 до 40 проценти од раководечките позиции.

Во „Symantec“ несакаа да ги потврдат овие бројки, но потврдија дека ќе го спроведат планот за реструктуирање на работењето на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП