11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД најголем производител на оружје во светот, Русите ги поминаа Британците

САД најголем производител на оружје во светот, Русите ги поминаа Британците

САД остануваат убедливо најголемиот производител и продавач на оружје во светот, се наведува во најновиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот.

Во извештајот за 2017 година, се наведува дека 42 американски компании оствариле 226,6 милијарди долари од продажба на оружје и воена опрема, што претставува 57 отсто од вкупната продажба.

Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот забележува дека Русија сега го зазема второ место на листата на најголеми светски производители на оружје.

Како што наведува институтот, Русија ја зазела позиција што до сега ја држеше Велика Британија, инаку најголем производител на оружје во Западна Европа.

Од SIPRI наведуваат дека Русија во 2017 година продала оружје за околу 37,7 милијарди долари , што изнесува околу 9,5 отсто од рускиот БДП.

Истражувачот на SIPRI Симеон Веземан смета дека овие бројки се во согласност со поголемите средства што Русија ги издвојува за модернизација на своите оружени сили.

Трамп го зголемува буџетот за војската

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа планот за да се побара од Конгресот за следната година воен буџет од 750 милијарди долари, објави американски функционер, кој најави зголемување на трошоците на Пентагон во време на потенцијално “затегање на ременот” во другите владини сектори.

Износ од 750 милијарди долари е повеќе од 733 милијарди долари, колку што беше очекувано Пентагон да бара за фискалната 2020 година и значително повеќе од 700 милијарди долари, што Трамп го најави во октомври, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП