24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден дефицит на САД во трговијата со Кина

Рекорден дефицит на САД во трговијата со Кина

Трговскиот дефицит на САД повторно се зголеми во октомври и достигна највисоко ниво во последните 10 години.

Дефицитот во промет на стоки и услуги изнесуваше 55,5 милијарди долари, додека извозот опадна за 0,1 отсто на 211 милијарди долари, додека увозот се зголеми за 0,2 отсто на 266,5 милијарди долари, соопшти Секретаријатот за трговија.

Дефицитот е поголем од очекувањата на аналитичарите, кои го проценија на 54,7 милијарди долари. Дефицитот во трговијата со стока се зголеми за 9,8 отсто во однос на септември.

Секретаријатот за трговија наведе дека поради сезонските варијации, дефицитот со Кина е и рекорд на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП