27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверот X8 станува најскапиот автомобил на BMW

Кросоверот X8 станува најскапиот автомобил на BMW

Гласините за „BMW X8“ започнаа пред баварците да го претстават својот сериски предводник, моделот „X7“. Според изданието „BMW Blog“, идејата за пуштање на пазарот на сличен автомобил е одобрена од раковдството на компанијата и тој ќе се појави во јавност во 2020-та година.

Идниот „BMW X8“ (со производствен код „G09“) ќе се нуди само со 4 места – со 2 луксузни седишта, а ќе ја користи платформата на „X7“, но ќе биде луксузен и побогато опремен. Тој е предвиден да биде најскапиот модел на баварците, со цена од повеќе од 160.000 евра. За споредба, во моментов на најскап модел во гамата на „BMW“ според цената е „i8 Roadster“ – 155.000 евра, додека основниот „X7“ започнува од 84.300 евра.

Се уште не е познато со какви мотори ќе биде опремен идниот луксузен теренец, но најверојатно тој нема да добие 12-цилиндричен мотор. Баварците постепено почнаа да се откажуваат од овој вид мотори, иако таков се поставува во моделите на „Rolls-Royce“. Постојат гласини дека „BMW Х7“ ќе остане без својот 6.6-литарски V12 со 609 КС и 800 Nm, а ако тие се потврдат, ова треба да значи дека идниот „X8“ нема да биде достапен со таква единица.

Во таков случај новиот кросовер на баварците ќе добие 4,4-литарски V8 мотор, чија моќност може да се зголеми до над 600 КС. Идејата на „BMW“ е со овој модел да се натпреваруваат со големиот теренец „Mercedes-Maybach“, со топ-верзиите на „Range Rover“, како и со идниот „Audi Q9“ (ако тој сепак се појави). Бентли Бентага е исто така еден од конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП