29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPlayStation 4 доаѓа пред летото?

PlayStation 4 доаѓа пред летото?

ps4

По бројните медиумски шпекулации и демантирањата на претставниците на компанијата „Sony“, потпретседателот на јапонскиот гигант, Хироши Сакамото, најави дека новата конзола на „PlayStation 4“ ќе биде претставена оваа година.

Сакамото изјави дека компанијата може да го претстави новиот уред во мај или на саемот „E3“ во јуни.

„Тоа е уште една голема тајна, но нашите луѓе работат на „PlayStation 4“. Можам да кажам дека сме фокусирани на саемот „E3“ кој ќе се одржи во јуни. Претставувањето на новиот уред можеби ќе биде тогаш, но можеби ќе биде и во мај“, изјави Сакамото.

Се шпекулира дека „PlayStation 4“, ќе има AMD чип со quad-core 2,9GHz процесор и графичка картичка од 1GHz, како и 1GB меморија. Тој ќе ги прикажува игрите во 4К резолуција, ќе подржува Blu-Ray, а како што шпекулираат медиумите, ќе се продава по „разумна“ цена од 400 долари.

Компанијата „Microsoft“ исто така, би требало да ја претстави новата генерација на „Xbox 720“. Новата генерација би требало да има два процесора, едниот за игри, а другиот за апликации, како и Kinect 2.0 3D и долгоочекуваната Xbox ТV.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП