26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОбјавени првите звуци од Марс(видео)

Објавени првите звуци од Марс(видео)

Сондата InSight, која од минатата недела се наоѓа на Марс, сними звуци од ветерот на Марс со ниска фреквенција.

Видеото беше објавено вчера од страна на Центарот за развој на НАСА.

Се проценува дека брзината на ветерот била од 16 до 24 километри на час, а научниците наведуваат дека ова се први звуци од Марс кои човечкото уво може да ги слушне.

“Тоа ме потсетува на седење надвор на ветровито летно попладне. На некој начин, ова ми звучеше како да седите во сондата InSight на Марс”, вели Дон Банфилд, научник со Универзитетот Корнел.

Научниците вклучени во проектот се согласуваат дека звукот има вонземски квалитет.

Томас Пајк од кралскиот колеџ во Лондон вели дека звуците се “сосема различни од она што го искусивме на Земјата”.

Ветерот направил звук кога удрил во соларни панели и на тој начин предизвикал вибрации на целата вселенска сонда. Звуците беа снимени од сензорот за воздушен притисок и сеизмометарот на сондата.

Ниската фреквенција е последица на ниската густина на воздухот на Марс, но исто така и на самиот сеизмометар, чија цел е да открие сеизмички бранови во тлото под него.

InSight слета на Марс на 26-ти ноември.

Space Mars

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП