25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија го стопира издавањето визи за странските богаташи

Велика Британија го стопира издавањето визи за странските богаташи

Велика Британија привремено го прекинува издавањето на визи на богатите инвеститори, со што го затвора патот кон постојаното живеалиште и добивањето на британско државјанство, кое беше популарно меѓу руските олигарси и богатите Кинези.

Програмата денес се замрзнува како дел од реформите против перењето пари и организираниот криминал, според соопштението на Министерството за внатрешни работи. Издавањето на визи ќе продолжи откако ќе се направат промените предвидени за 2019-та година.

Замрзнувањето на либерализацијата доаѓа откако односите меѓу Велика Британија и Русија се влошија до најниско ниво од Студената војна па наваму, по труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март. Британскиот премиер Тереза ​​Мај одговори на нападот со забрана за престој на десетици осомничени шпиони од земјата. Рускиот милијардер Роман Абрамович беше меѓу оние што го погоди овој скандал. Владата на Велика Британија не му ја обнови неговата виза, а потоа тој доби израелско државјанство.

Меј објави претходно во текот на годината дека властите ја разгледуваат програмата, откако пратеник од Лабуристичката партија го покрена прашањето за потеклото на парите на 700 Руси, на кои биле издадени визи. Бројот на кандидатите за инвестициските визи падна нагло во 2015-та година, откако владата воведе нови проверки насочени против перењето пари и ја удвои минималната вредност на инвестицијата до 2 милиони фунти (2,6 милиони долари).

Програмата за визи е отворена за државјани на земји надвор од Европската економска област и Швајцарија. Кинеските инвеститори ги користеа овие визи се повеќе и повеќе во последниве години, а според статистиката станува збор за речиси 50% од кандидатите, според „Shard Capital Partners LLP“.

Програмите за имиграција поддржани од владата не се невообичаени во другите делови на светот. САД нудат програма за имиграција, позната како виза „EB-5“, која им овозможува на имигранти кои создадаваат работни места во земјата да останат трајно. Португалија, исто така, има програма која гарантира виза при купување имот вреден 500.000 евра или повеќе.

Руските олигарси најсериозно ќе бидат погодени од забраната што ја презеде Велика Британија. Земјата одамна е атрактивно место за супербогатите Руси и обезбедува стабилна средина за водење бизнис, за чување на богатството, за образованието на нивните деца, до таква мера, дека Лондон го доби прекарот Лондонград. Замрзнувањето на програмата сепак е уште знак дека оваа привлечност ги намалува како последица на преземените владини мерки по труењето на британска почва.

„Ние нема да толерираме луѓе кои не „играат“ по правилата и се обидуваат да го злоупотребат системот“, рече министерот за внатрешни работи Каролин Нукес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП