25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто треба да направите пред почетокот на работниот ден

Што треба да направите пред почетокот на работниот ден

Експертите за кариера Лин Тејлор, Дејвид Шиндлер, Мајкл Кер, Анита Атридж, Александра Левит и Мајкл Вудворд дадоа неколку совети за тоа како треба да го почнеме работниот ден:

Имајте добар појадок.

Ова ќе ви го кажат и сите нутриционисти. Појадокот е многу важен оброк. Тој ќе ви помогне да можете да функционирате подобро и да можете без проблем да ја дочекате паузата за ручек.

Пристигнете во канцеларија навреме.

Ова изгледа очигледно, но мора да го спомнеме, бидејќи со едно големо задоцнување може да ви се уништи целото утро. Покрај тоа, ако пристигнете малку порано, ќе имате време за кафе, краток разговор со колегите и други уживања, кои ќе ви се предиспозиции за подобра работа.

Не бидете во лошо расположение.

Какви и да имате грижи, оставете ги дома и не го започнувајте денот намуртено. Во никој случај не почнувајте да се жалите за било што на колегите уште рано наутро. Не е потребно да го расипувате и нивното расположение.

Организирајте ги задачите за денот.

Во првиот половина час е време да направите распоред и да ги организирате вашите задачи по важност. Тоа многу ќе ви помогне подоцна во текот на денот.

Разменете неколку зборови со колегите.

Посветете неколку минути за да ги поздравите сите. Немојте да влезете и погледот директно да го насочите во вашата работна маса. Прашајте ги колегите, со кои работите биро до биро, како се, ако е понеделник, задолжително разменете неколку зборови за тоа како им поминал викендот.

Не се расејувајте со е-маилот.

Се разбира дека треба да се провери е-маилот, но наутро одговорете само на најважните писма. Ако нема нешто многу важно, може и да не одговарате воопшто – едноставно само погледнете да не пропуштите нешто итно.

Преслушајте ги пораките.

Многу луѓе, седнувајќи на компјутер, целосно забораваат на телефонот. Може да се пропушти нешто важно на говорната секретарка.

Направете ги најважните телефонски повици и мејлови.

Ако знаете дека денес треба задолжително да се поврзете со некого, тогаш направете го тоа уште наутро. Покрај тоа, ако се јавите или испратите „e-mail“ рано наутро, речиси со сигурност ќе добиете одговор во рамките на истиот работен ден.

Искористете ги предностите на чистотата на свеста.

Мозокот функционира најчисто рано наутро. Во тоа време повеќето луѓе се попродуктивни и креативни. Искористете ги предностите од тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП