28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот говор на Ангела Меркел

Последниот говор на Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел во последното појавување како претседател на CDU, на собранието на партијата, се опрости со емотивен говор.

Таа рече дека и било голема чест да се биде 18 години на чело на партијата.

“Имам чувство на благодарност, беше голема чест за мене. Сега е време да се отвори ново поглавје “, рече таа.

По прошталниот говор, Меркел беше поздравена со десетминутен аплауз, а некои делегати носеа транспаренти на кои пишуваше “Благодарам шефице!”

Во своето обраќање, Меркел се осврна кон се појаката десница AfD, велејќи дека она што ги карактеризира демократите е тоа што тие се разликуваат едни од други, но никогаш никого не потценуваат.

“Ние демохристијаните понекогаш се караме, но никогаш не сееме омраза или понижуваме други луѓе”, рече таа, додавајќи дека CDU секогаш им служи на луѓето од Германија.

По повод слабите резултати во истражувањето, Меркел апелираше до колегите да покажат што знае CDU.

“Нашата CDU денес е поинаква од онаа во 2000 година, и тоа е добро. CDU 2018 има право да гледа во иднината со нови “лидери”, структури, но со исти вредности што ги застапува “, рече Меркел.

Таа, исто така, ги бранеше сите мерки преземени за време на нејзиното водење на партијата, истакнувајќи ја особено укинувањето на воената обврска и воведувањето на „Hartz IV“ социјалната помош.

Според неа, „Hartz IV“ беше вистинскиот одговор на петте милиони невработени лица.

“Ги поддржавме вистинските реформи”, рече Меркел.

Кога станува збор за укинување на воената обврска, таа истакна дека ова е правилен чекор, што е јасен одговор на променетата на меѓународната безбедносна ситуација.

Таа, исто така, зборуваше за нејзиниот воздржан стил на лидерство, објаснувајќи дека, кога партијата очекуваше остра реакција, таа претпочиташе да се бори со молк”.

“Знам дека ги тестирав вашите нерви со тоа”, рече Меркел.

Таа оцени дека собранието на партијата беше можност да постават нови насоки за посилна CDU.

Таа потсети дека во Германија во изминатите 70 години CDU/CSU е на власт 50 години и дека има намера да продолжи да се грижи за земјата.

“Имаме сила да победиме на изборите ако одлучно и единствено се бориме”, рече таа.

Сепак, таа ги критикуваше расправиите меѓу CDU и коалициониот партнер на CSU.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП