12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемите градови можат да направат милијарди долари од зелени проекти

Големите градови можат да направат милијарди долари од зелени проекти

Примената на „зелените стратегии“, како вело-патеки и подобри градежни норми и правила можат да им донесат на 94 светски градови придобивки од вкупно 583 милијарди долари, додека се води борба против климатските промени, се наведува во извештај, цитиран од светските агенции.

Обединувањето „C40 Cities“ го одредува транспорт, градежништво и индустрија како приоритети кои треба да бидат вклучени во политиката за борба против климатските промени. Тоа би поттикнало големи инвестиции и би спречило прерана смрт на 223.000 луѓе.

Студијата дава квантитативна карактеристика и бизнис оправдување на она што градоначалниците одамна знаат дека е вистина – спроведување на храбро дејствување против климатските промени, исто така, го подобрува јавното здравје, посочува во соопштението извршниот директор на „С40“, Марк Вотс.

Градовите се клучни за борбата против климатските промени според Меѓународната финансиска корпорација на Светската банка.

Над половина од светското население живее во градовите, кои консумираат повеќе од две третини од светската енергија и се одговорни за над 70 проценти од сите јаглеродни емисии, посочува Меѓународната финансиска корпорација.

Истражувачите од „С40“ посочуваат дека градовите треба да применуваат мерки за поттикнување на одењето пеш, возењето на велосипеди, користењето на градски превоз, да воведуваат построги стандарди за емисиите на штетни гасови, да го поттикнуваат користењето на автомобили со нулта емисија на штетни гасови и да воспоставуваат области без штетни емисии.

Градовите треба исто така да прифатат строги прописи за изградба на нови згради и за обновувањето на старите, за да се подобри загревањето, вентилацијата, нивните системи за осветлување и топлата вода, посочуваат истражувачите.

Тие истакнуваат дека компаниите и индустријата треба да користат енергетски ефикасни технологии.

Доколку се фокусираат на зелениот пристап во транспортот, градежништвото и индустријата, градовите можат да ги намалат гасовите кои предизвикуваат ефект со 87 проценти и опасните загадувачи на воздухот со 49 проценти, посочуваат истражувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП