21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД достигна децениски рекорд

Трговскиот дефицит на САД достигна децениски рекорд

Рекордниот увоз во октомври предизвика трговскиот дефицит во САД да достигне највисоко ниво за десет години.

Дефицитот на САД во трговијата со остатокот од светот се зголеми за 55,5 милијарди долари во октомври, петти последователен месечен раст и највисоко ниво од октомври 2008 година, соопшти Министерството за трговија на САД.

Дефицитот во размената на стоки со Кина како политички чувствително прашање, се зголеми за 7,1 отсто на рекордни 43,1 милијарди долари, додека дефицитот во трговската размена со ЕУ се зголеми за 65,5 отсто на рекордни 17,6 милијарди.

Вкупниот увоз на САД порасна за 0,2 отсто за рекордни 266,5 милијарди долари, додека извозот падна за 0,1 отсто на 211 милијарди долари.

Претседател на САД, Доналд Трамп претходно вети дека ќе го намали дефицитот во трговијата со остатокот од светот, но и покрај воведување на царини за увоз на челик, алуминиум и кинески производи, дефицитот во текот на годината е за 11,4 отсто поголем отколку во јануари-октомври 2017 година .

Американскиот извоз на соја, кој е погоден од кинеските анти-мерки, во октомври падна за 46,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП