Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,117.59 -0.18%    BESK 9,682.00 3%    CBNGA31 3,145.00 0%    GRNT 919.51 0.49%    KMB 5,473.29 0.17%    MPOL 377.00 -3.33%    MPT 63,165.11 0.43%    OKTA 4,802.00 -3.96%    RMDEN16 98.50 0.01%    RZLV 82.00 0%    STB 1,060.19 4.73%    STIL 119.38 -0.71%    TNB 17,109.09 0.64%    UNI 2,288.40 1.16%    ZILU 245.00 -2.51%    

Дебата за прогресивниот данок – Рамниот данок го воведоа и оди во прилог на богатите

Време: 16:19

Датум: декември 6, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Владата планира и може да го воведе прогресивниот данок. Рамниот данок не ги даде посакуваните ефекти и оди во прилог на најбогатите.Ова беше истакнато на денешната јавна дебата организрана во собраниската Комисија за финансирање и буџет, а на која експерти и засегнати страни ги претставија ставовите и забелешките по предложеното законско решение.

На дебата министерот за финансии Драган Тевдовски ги изнесе аргументите зошто Владата смета дека треба Македонија да го напушти концептот на рамен данок и да премине кон прогресивно оданочување, посочувајќи дека со воведувањето на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход.

-Повеќе од две години трае дискусијата. Првично планиравме прагот да биде 60.000 денари но ја слушнавме јавноста која бараше зголемување и сега го утврдивме на 90.000 денари, рече Тевдовски.

Тој додаде дека во Македонија 99 проценти луѓето земаат просечен месечен доход од 311 евра, а само еден отсто кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок земат просечно 4.468 евра. Појасни дека на плата од 100.000 денари дополнителниот данок ќе биде 800 денари.

Деведесет и девет отсто од населението во РМ живее од својот труд, бидејќи немаат дополнителни приходи или 90 отсто од нивните примања се од нивниот доход, само кај еден отсто доминира доход од дивиденда или имот, кај кои е помал доходот од труд, потенцира Тевдовски. Оцени дека рамниот данок оди во прилог на оние што имаат највисок доход и додаде дека со рамниот данок оние со пониски примања имаат поголема ефективна даночна стапка, а пониска кај оние со најголемите приходи.
Појасни дека реформата е дизајнирана да не создаде дополнителен товар за фирмите при тоа посочувајќи дека во Македонија доминираат фирми во кои вработените имаат пониски плати.
Со став дека Македонија треба да премине од рамен кон систем на прогресивно оданочување беа Петар Гошев, Абдулменаф Беџети и Никола Попоски.

-Рамниот данок не ги даде очекуваните ефекти. Инвестициите не се зголемија благодарение на рамниот данок, немаше раст на БДП како што беше очекувано. Не беа постигнати очекуваните ефекти во ниту еден сегмент. Ние имаме регресивен даночен систем.Најмногу буџетот се полни од сиромашните и од средната класа, рече Абдулменаф Беџети, академик и поранешен министер за развој.

Оцени дека понуденото решение е само вовед во прогресија и оти не може да се почне со ваква прогресија на трудот, пред да се почне со оданочување на доходот и имотот.

Никола Поповски, исто така, даде поддршка на воведувањето на реформата, но смета дека не е доволна и ја охрабрува Владата да го опфати и данокот на доход.

Според него има простор за зголемување на даночниот товар во Македонија.

– ЕУ, вели, дека даночниот товар е 40 отсто, а во еврозоната 42 отсто. Србија и Хрватска имаат 46 отсто, 47 отсто даночен товар. Ние имаме помал даночен товар. Ваквата поставеност креира дефицит. Преку тоа се креира јавен долг, рече Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.

На став дека треба да се поддржи концептот беше и Петар Гошев кој рече дека рамниот данок не донесе развој.

– Пред 1996 година стапката на раст беше 4,2 отсто, по воведување на рамниот данок е 2,6 отсто. Рамниот данок не е ни донесе раст, туку ни донесе и огромен јавен долг, рече Гошев.

Додаде дека рамниот данок го измислиле богатите, затоа што, како што рече, не го применуваат.

– Зошто само во екссоцијалистички држави се примени тој рамен данок за да дојдат со инвестициите овде, да ни го соберат кајмакот, да ни дадат плата по 200 евра на нашите работници и да платат најниски можни даноци. Тоа е заднината на сето тоа, ништо друго и не беа задоволни ни со тоа, туку бараа да им се даваат други дополнителни субвенции од даноците на сиромашниот народ, рече Гошев кој порача дека Владата треба поенергично да оди во концептот на прогресивно оданочување.

Според него Владата треба да оди поенергично кон прогресивното оданочување.

– Ако немаме даноци, а да го подржуваме образованието и здравството треба да земеме кредити па ќе се зголеми долгот и треба да земаме кредити. Ќе заврши тоа и потоа треба стабилизациони програми и мораториуми за прогласување неспособност на земјата да ги враќа кредитите. Тоа ќе се случи. Ние треба да обезбедиме од овде пари да ја финансираме нашата цивилизација, рече Гошев.

Против воведување на прогресивното оданочување беше професорот Горан Петревски, кој рече дека како што е замислен законското решение нема да ги оствари целите.

Според него прогресиовното оданочување дава резултати во богати земји каде поголем дел од населението е богато или има средна класа.

– Во Македонија нема да функционира бидејќи 90 проценти е сиромашно населението, рече Петревски и оцени дека со него се казнуваат оние професии како професори, ИТ, доктори што треба да се стимулираат.

Забелешки на воведувањето на концептот изнесоа стопанските комори. Дел од нив беа за пролонгирање, дел против воведувањето, од ИТ секторот побараа ослободување, а банкарите одложување на оданочувањето на каматите до влезот на Македонија во ЕУ.

Даночната реформа предвидува воведување дополнителна стапка од осум отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно.За мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10 отсто.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската федерација од понеделник целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од…

  • Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Судот и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со користење на парите од фондот на Министерството за одбрана за изградба на…

  • Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека петтгодишниот рок за обнова на катедралата Нотр Дам, која беше значително оштетена во големиот пожар на 15 април, возможен…

  • Сончево со мала до умерена облачност и топло

    Сончево со мала до умерена облачност и топло

      Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните…

  • Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален дожд

    Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален дожд

    Сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и…

  • Британската влада го одложила гласањето за Брегзит во парламентот

    Британската влада го одложила гласањето за Брегзит во парламентот

    Британската премиерка Тереза Меј го одложила гласањето за новиот нацрт закон за Брегзит, кој го претставила како последна можност за излез од кризата. Текстот бил…

  • Ниви и плацови – долгорочна и сигурна инвестиција

    Ниви и плацови – долгорочна и сигурна инвестиција

    Нивите и плацовите се најдобрата инвестиција на долг рок – нивната вредност има тенденција на постојано иако постепено зголемување. Анализите на пазарот покажуваат дека недвижниот…

  • ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

    ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

    Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата “ достави пакет од 78 мерки  во функција на подобрување…

  • Тереза Меј поднесува оставка?

    Тереза Меј поднесува оставка?

    Times објави дека британската премиерка Тереза ​​Меј во петок ќе поднесе оставка. Британскиот весник не го навел изворот на оваа информација, пренесува Reuters. Times наведува…

  • Се заканува нова економска криза

    Се заканува нова економска криза

    Високиот советник на германската влада Ларс Фелд предупредил на забавување на германската економија а обрна внимание и на Италија, предвидувајќи можно преливање на проблемите и…