Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

МТСП објави оглас за воспитувачи за колегијална поддршка во градинките

Време: 11:25

Датум: декември 6, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада.

На огласот којшто ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите.

Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат.

Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во 7  градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.

Главната цел  на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

    Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

    Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година. Тој рече дека гневот на…

  • Абрамовиќ меѓу шесте руски тајкуни на црната листа на Тереза ​​мај

    Абрамовиќ меѓу шесте руски тајкуни на црната листа на Тереза ​​мај

    Британските разузнавачки служби составиле листа од шест магнати блиски до Владимир Путин, кој треба да бидат дополнително санкционирани поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј…

  • УЈП ја објави најновата Листа на должници

    УЈП ја објави најновата Листа на должници

    Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ,…

  • Времето денеска променливо облачно и студено

    Времето денеска променливо облачно и студено

    Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира…

  • Форум за стратегиски развој на туризмот

    Форум за стратегиски развој на туризмот

    Домашни и меѓународни експерти денеска во Стопанската комора на Македонија ќе дебатираат за стратегискиот развој на туризмот и ефектите од државната политика за негова поддршка.…

  • Од денеска бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Од денеска бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намали за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар. Новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95…

  • Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската популистичка влада ги предупреди европските партнери дека социјалната стабилност на земјата е изложена на ризик ако Брисел продолжува да не го прифаќа утврдениот буџет…

  • МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    За првпат Министерството за здравство од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти, соопштија од Министерството од каде додаваат дека обезбеден е…

  • Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Германскиот трговски суфицит се намали до 18,3 милијарди евра во октомври 2018-та од 19,1 милијарди евра за истиот месец од претходната година, а увозот се…

  • Снегот пристигнува – што нудат нашите скијачки центри?

    Снегот пристигнува – што нудат нашите скијачки центри?

    Скијачката сезона е на прагот, на планините падна и првиот снег иако во мали количини кои се уште не се доволни за зимските спортови. Понудата…